Собранието денеска со 62 гласа „за“ го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител.
Коцевски е предлог на Владата, откако претходно Советот на јавни обвинители едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител. Кандидатката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење, а членовите на Советот воопшто не разговараа за кандидатката Фатиме Фетаи, поради нецелосна документација.
Коцевски досега беше републички јавен обвинител, избран на позицијата пред една година. Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години.
На претходниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му заврши на 25 декември, а за в.д. државен јавен обвинител беше избрана републичката обвинителката Соња Симовска.