СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА ЗОРАН АНГЕЛОВСКИ ЗА ДИРЕКТОР НА НОВАТА АГЕНЦИЈА – ОТА КОЈА ЌЕ ПОСРЕДУВА ВО ПРИСЛУШУВАЊЕТО

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА ЗОРАН АНГЕЛОВСКИ ЗА ДИРЕКТОР НА НОВАТА АГЕНЦИЈА – ОТА КОЈА ЌЕ ПОСРЕДУВА ВО ПРИСЛУШУВАЊЕТОПредлогот Зоран Ангеловски да биде директор на ОТА на 5 август беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако власта и опозицијата постигнаа договор од пристигнатите 14 кандидати (Фото: СДК.МК)

    Со 83 гласа „за“ и од власта и од опозицијата, Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА), ШТО ќе биде посредник во прислушувањето меѓу операторите и корисниците. Мандатот на директорот ќе биде пет години.

    Предлогот Ангеловски да биде директор на ОТА на 5 септември беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако власта и опозицијата постигнаа договор од пристигнатите 14 кандидати.

    53-годишниот Ангеловски е дипломиран правник на насоката за безбедност и општествена самозаштита, а на функцијата во ОТА доаѓа од консултат во компанијата „Консеко арт“.  Има 27 години работен стаж, кариерата ја почнал во МВР во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање каде бил од 1990-98, потоа до 2005 работел во Агенцијата за разузнавање, па до 2008 во Т-Мобиле-МК каде бил директор за корпоративна безбедност и овластено лице за спроведување на Законот за следење на комуникациите. Од 2008 оди во приватен сектор и рабтои за компаниите „Пауер интернационал“ и „Алпине бау“.

    По изборот на Ангеловски, собраниската седница беше прекината и ќе продолжи откако надлежните собраниски комисии ќе ги разгледаат неколкуте закони кои треба да бидат донесени по скратена постапка.

    Новата Оперативно- техничка агенција (ОТА)  и треба да почне со работа од ноември. Во ОТА треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, која досега беше во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

    Г. ТРПЕНОСКИ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира