СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА НЕНАД САВЕСКИ ЗА НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА НЕНАД САВЕСКИ ЗА НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛСавески е судија во Основниот кривичен суд Скопје. (Фото: Фејсбук)

    Судијата од Основниот кривичен суд Скопје Ненад Савески е избран за нов Државен обвинител. Савески беше изгласан со 66 гласа „за“, двајца пратеници беа „против“, а осум воздржани.

    Ненад Савески е роден 1976, живее во Гостивар и е магистер по правни науки – казнено право. Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, каде што ги завршил и студиите. Правосудниот испит го положил во 2003. Од 2016 е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во Одделот за организиран криминал и корупција. Претходно, од 2009 до 2016 работел како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а од 2004 до 2009 година бил стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Во овој суд од 2000 до 2002 работел како судски приправник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира