Со 81 глас „за“, Собранието денеска ја избра Aнита Ангеловска Бежоска за гувернерка на Народната банка на Република Македонија. Немаше ниту еден глас „против“ или „воздржан“.
Ангеловска Бежоска е првата жена гувернер на НБРМ, а досега беше вицегувернерка во НБРМ.
Нејзиниот избор во Собранието доаѓа на ден по истекување на мандатот на претходниот гувернер Димитар Богов. Мандатот на гувернерот на НБРМ е седум години.