СОКОЛ МИТРЕВСКИ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ОВОЗМОЖИЛ НЕЗАКОНСКО ПРИВАТИЗИРАЊЕ ЗЕМЈИШТЕ КОЕ БИЛО ОТКУПЕНО ПО ЕВРО ЗА КВАДРАТ

    СОКОЛ МИТРЕВСКИ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ОВОЗМОЖИЛ НЕЗАКОНСКО ПРИВАТИЗИРАЊЕ ЗЕМЈИШТЕ КОЕ БИЛО ОТКУПЕНО ПО ЕВРО ЗА КВАДРАТЕксградоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митревски утрово беше уапсен

    Ексградоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митревски, кој утрово беше уапсен, е осомничен дека овозможил незаконско приватизирање на земјиште сопственост на Општината. Според соопштението од Јавното обвинителство, со приватизацијата било овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за квадратен метар, додека пазарната на лицитацијата по редовна постапка би била значително повисока.

    „Поради постоење на основи на сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина. На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето. Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за квадратен метар, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира