Организацијата на медиуми од југоисточна Европа (СЕЕМО) повика на солидарност со колегите од Македонија по низата вербални и физички напади на новинари во земјата.
„Членовите на СЕЕМО се длабоко загрижени по неодамнешните настани во Македонија. Не само што новинарите се изложени на закани, напади и малтретирање, тие, исто така, не добиваат никаква заштита или помош од властите. Ги повикуваме институциите во Македонија, посебно политичарите, да се воздржат од користење на несоодветен и недостоинствен јазик и говор на омраза, кога даваат изјави или кога зборуваат за медиумите. Оваа атмосфера на маргинализација и линч не може да продолжи и бараме итна истрага на последните напади на новинарите во Македонија“, вели Оливер Вујовиќ, секретар на СЕЕМО,
СЕЕМО, со седиште во Виена, потсетува на нападите на Александар Тодески и Владимир Желчески од „А1он“, Борјан Јовановски од „Нова ТВ“, Бранко Тричковски, Даниела Такева и Зоран Милошевски.