СОМНЕЖ ЗА УКРАДЕНИ 8 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА СКОПЈЕ 2014

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОМНЕЖ ЗА УКРАДЕНИ 8 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА СКОПЈЕ 2014

    Дури и да требало да се градат, спомениците од проектот „Скопје 2014“ можеле да се направат за 8 милиони евра помалку. За 11 тендери кои италијанските леарници ги добиле во 2010 година, се потрошени 8 милиони евра повеќе од она што реално било понудено од останатите фирми.

    Ова е само еден од податоците кои ги утврди ревизијата на проектот направена уште во 2013 година, нарачана од градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

    Ревизорите пред три години утврдија дека Општина Центар, Министерството за култура и Владата, како носители на проектот „Скопје 2014“ од изум до реализација, работејќи незаконски, потрошиле 58 милиони евра, народни пари, за споменици.

    Целокупната документација за ревизијата и за трошењето за спомениците, Општина Центар во 2013 година ја достави до Јавното обвинителство. По предавањето на документацијата , градоначалникот Жерновски изјави дека ревизијата, која покажува очигледно незаконско работење, ќе биде тест за македонското судство од кое очекува дека ќе покрене обвиненија.

    Јавното обвинителство на Марко Зврлески три години не покрена обвинение. Денес за проектот „Скопје 2014“ градоначалникот Жерновски беше повикан да даде исказ во Специјалното јавно обвинителство.

    Судејќи според обемноста на документацијата од ревизијата и исказот на градоначалникот, општинарите велат дека истрагата и евентуалниот судски процес ќе бидат многу долги.  

    Ревизијата на спомениците што ја направија поранешните антикорупционери Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, утврди дека е сериозно нарушено владеењето на правото и на локално и на централно ниво. Спомениците се граделе без претходно Општина Центар да донесе план и програма за нивна изградба, тоа се правело откако ќе се изгласале одлуки за изградба на спомениците. Ревизорите утврдиле дека спомениците се натплатени оти Општина Центар, при изборот на леарниците каде што се изработувале спомениците, ги фаворизирала италијанските „Фернандо Маринели“ и „Пјетро Базанти“ кои имаат ист газда, иако имале повисоки цени од останатите фирми кои се јавувале на тендерите.
    Два од лавовите на мостот Гоце Делчев „Фернандо Маринели“ ги наплатиле 71.9 милиони денари , а РЖ „Институт“ бил елиминиран со понуда од 27 милиони денари (Фото: СДК.МК)

    Два од лавовите на мостот Гоце Делчев „Фернандо Маринели“ ги наплатиле 71.9 милиони денари , а РЖ „Институт“ бил елиминиран со понуда од 27 милиони денари. Шарената револуција ги обои и овие споменици (Фото: СДК.МК)

    Во сите случаи кога овие две леарници ги добивале тендерите, цените кои ги понудиле елиминираните понудувачи биле пониски и за 153 отсто. За лиење на Гоце Делчев и Даме Груев, „Фернандо Маринели“ добиле 52 милиони денари, а понудата на РЖ „Институт“ била 24 милиони денари. За Никола Карев италијанската леарница добила 43 милиони денари, а РЖ„Институт“ понудил 20 милиони денари. Два од лавовите на мостот Гоце Делчев „Фернандо Маринели“ ги наплатиле 71.9 милиони денари , а РЖ „Институт“ бил елиминиран со понуда од 27 милиони денари.

    Исклучително проблематичен, според ревизорите, бил начинот на преговарање со авторите за хонорарите. Ревизијата покажала дека пресметките биле паушални, а за сумата која авторите ја добиле како хонорар нема адекватно образложение.

    Имало и случаи кога авторите испорачувале помали количини на одделни елементи од договорените. Авторот Константин Јанев за два лава на мостот Гоце Делчев требало да изработи 34 квадратни метри релјефи, а во записникот од примопредавањето запишани се 5,92 квадратни метри помалку. Истото го направиле и авторите на останатите два лава, Дарко и Елена Дуковски. Неовлестено наплатите по 17.760 евра.
    Основниот договор бил дека споменикот на Никола Карев вреди 5 милиони денари, но подоцна со одлука на Градот е донесено ново решение со кое вредноста се зголемува на 45 милиони денари. Образложението е дека споменикот треба да се изработи во мермер, но Никола Карев кој стои пред Собранието, е изработен од бронза

    Основниот договор бил дека споменикот на Никола Карев вреди 5 милиони денари, но подоцна со одлука на Градот е донесено ново решение со кое вредноста се зголемува на 45 милиони денари. Образложението е дека споменикот треба да се изработи во мермер, но Никола Карев кој стои пред Собранието, е изработен од бронза (Фото: СДК.МК)

    Ревизорите утврдиле дека е натплатен и споменикот на Никола Карев пред Собранието. За него биле побарани речиси 10 пати повеќе пари од договореното. Основниот договор бил дека споменикот вреди 5 милиони денари, но подоцна со одлука на Градот е донесено ново решение со кое вредноста се зголемува на 45 милиони денари. Образложението е дека споменикот треба да се изработи во мермер, но Никола Карев кој стои пред Собранието, е изработен од бронза.

    Комисијата утврдила дека централната власт финансирала најголем дел од спомениците и префрлала пари во Општина Центар, иако ниту еден закон не го одобрува тоа. На тој начин, на Општината и се префрлени 58 милиони евра за спомениците од „Скопје 2014“.

    Општина Центар немала надлежност за изведување на спомениците, мостовите и фонтаните во Вардар. Министерството за култура доставувало иницијативи до Советот на Центар за подигнување споменици и на тој начин ја поттикнувало Општина Центар да работи незаконски, да гради нешто што не е во нејзина надлежност.

    Фото: СДК.МК

    Шарената револуција во знак на протест против нетранспарентното трошење пари од буџетот одбележа дел од објектите и спомениците од „Скопје 2014“ (Фото: СДК.МК)

    Додека траело леењето на спомениците во Италија, покрај авторите, постојано патувале во оваа земја и вработени во Општината, па за авионски карти биле потрошени еден милион евра и уште половина милион евра за хотелско сместување и дневници.

    Градоначалникот Жерновски откри дека поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев во Фиренца на државен трошок бил осум пати, а скулпторката Валентина Стефановска, авторка на повеќето споменици од „Скопје 2014“, 25 пати била во Италија додека траеле леењето.

    Спомениците се само еден дел од проектот „Скопје 2014“. За тоа колку чини реализацијата на целиот проект, Владата во ниту еден момент не даде отчет, а во пресметката треба да влезат сите нови барокни објекти во Центарот, рефасадирањето и преобликувањето на  зградите чиј изглед не се вклопува во визијата за новиот изглед на Скопје како и Панорамското тркало, како еден од најскапите проекти кое чини 18,2 милиони евра.

    Шарената револуција, изминативе месеци, одбележа дел од објектите и спомениците од „Скопје 2014“ кои ги чувствува како наметнати на градот. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари