СООПШТЕНИЕТО НА АПЕЛАЦИЈА ЗА УКИНУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА ЗА МИЈАЛКОВ И ТАЧИ Е НАПАЃАЧКО, А НАПАДОТ Е НАЈДОБРА ОДБРАНА, ВЕЛИ ФЕТАИ

    СООПШТЕНИЕТО НА АПЕЛАЦИЈА ЗА УКИНУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА ЗА МИЈАЛКОВ И ТАЧИ Е НАПАЃАЧКО, А НАПАДОТ Е НАЈДОБРА ОДБРАНА, ВЕЛИ ФЕТАИАпелациониот суд во понеделникот ја укина пресудата на Основниот кривичен суд за „Титаник 2“, со која на затворски казни беа осудени Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и уште тројца поранешни членови на Државната изборна комисија. - Фатиме Фетаи пред Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапуваше СЈО во предметот „Титаник 2“, кажа дека соопштението на Апелациониот суд за укинување на првостепената пресуда е „прилично напаѓачко“. Апелациониот суд во понеделникот ја укина пресудата на Основниот кривичен суд за „Титаник 2“, со која на затворски казни беа осудени Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и уште тројца поранешни членови на Државната изборна комисија, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Одлуката сè уште ја немаме добиено, меѓутоа можам да го коментирам само соопштението, прилично е напаѓачко, а се знае дека нападот е најдобра одбрана“, изјави Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање пред да влезе утринава во Кривичниот суд.

    Според обвинението на СЈО, односно пресудата што ја изрече судијата Огнен Ставрев на 8 март, Мијалков нарачал преку лидерот на ДПА Мендух Тачи, да му наложи на сопартиецот од ДИК Бедредин Ибраими да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев.

    Според соопштението Апелациониот суд објавено во понеделникот, Апелациониот суд констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира