СПРЕЧЕНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ПУЛМОЛОГИЈА ОТКАКО ПАЦИЕНТ ЗАПАЛИЛ ЦИГАРА ВО СОБА ЗА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА

    СПРЕЧЕНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ПУЛМОЛОГИЈА ОТКАКО ПАЦИЕНТ ЗАПАЛИЛ ЦИГАРА ВО СОБА ЗА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКАПоради проток на кислород во собата дошло до пожар и пациентот добил помали изгореници на лицето и градите. (Фото: СДК.МК)

    Експлозија е спречена на Клиниката за пулмологија во Скопје откако пациент, сместен во соба за кислородна поддршка ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, соопшти Министерството за здравство. Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пациентот добил помали изгореници на лицето и градите.

    „Дежурниот медицински персонал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот“, соопшти Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира