СРБИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ СВОЈОТ ЧОВЕК, НИЕ НАШИОТ, ТАКА ПРАВАТ ПРИЈАТЕЛИТЕ, ЗАЕВ КАЖА КАКО ЈА РЕШИЛЕ ДИПЛОМАТСКАТА КРИЗА СО ВУЧИЌ

    СРБИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ СВОЈОТ ЧОВЕК, НИЕ НАШИОТ, ТАКА ПРАВАТ ПРИЈАТЕЛИТЕ, ЗАЕВ КАЖА КАКО ЈА РЕШИЛЕ ДИПЛОМАТСКАТА КРИЗА СО ВУЧИЌЗаев е во дводневна посета на Србија. - Премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград (Фото: Влада на РМ)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека дипломатската криза меѓу Македонија и Србија, кога северниот сосед го повлече персоналот од амбасада во Скопје во август, била разрешена на пријателски начин, за време на денешната прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ. Заев, кој е во дводневна посета на Белград, откри дека не само што Србија го повлекла разузнавачот Горан Живаљевиќ од амбасадата, туку и Македонија повлекла свој човек од амбасадата во Белград.

    „На многу пријателски, дипломатски начин најдовме решение за тоа што се случи во Македонија поврзано со човекот вработен во српската амбасада во Македонија. Направивме билатерален договор, Србија го врати својот човек, ние го вративме нашиот човек. Така прават пријателите. Претседателот Вучиќ и јас имавме разговор тогаш, директно го дефиниравме она што се случуваше со амбасадата и најдовме решение какво што им доликува на пријатели“, одговори Заев на новинарско прашање.

    Србија на 20 август го повлече персоналот од својата амбасада во Скопје на консултации во Белград. Персоналот се врати во Скопје по четири дена и амбасадата продолжи со работа на 25 август. Во меѓувреме имаше телефонски разговор Заев-Вучиќ и средба Димитров-Дачиќ во Ниш.

    Српскиот разузнавачот Живаљевиќ, кој не се врати во Македонија, беше во Собранието за време на организираниот напад во Собранието на 27 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира