СРЕДЕ СЕЗОНА НА ГРИП НЕМА „ТАМИФЛУ“, ОТИ СЕ СМЕНИЛЕ ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА НАБАВКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СРЕДЕ СЕЗОНА НА ГРИП НЕМА „ТАМИФЛУ“, ОТИ СЕ СМЕНИЛЕ ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА НАБАВКА

    Среде сезона на грипови, на матичните лекари им било препорачано да не препишуваат „тамифлу“ затоа што оваа година нема нови набавки на антивирусниот лек, а од Министерството за здравство велат дека „тамифлу“ има.
    Сепак, пациенти болни од грип се жалат дека не добиле терапија со тамифлу, која се дава во првите 48 часа од инфекцијата со вирусот, бидејќи лекот го нема. Тие велат дека лекарите им кажале дека „тамифлу“ не само што нема во болниците, туку дека тешко се наоѓа и во аптеките. И тој што може да се најде е со поминат рок.
    Проблемот со набавка на оваа терапија, како што објаснуваат нашите извори, настанал годинава, бидејќи е сменет начинот на набавка. Претходно “тамифлу“ преку централизирана набавка купуваше Министерството за здравство и им ги делеше на болниците и здравствените домови, а од оваа година секоја болница треба сама да набавува.
    Министерство за здравство на почетокот на неделава телефонски проверувало во болниците низ државата дали имаат од антивирусниот лек “тамифлу“, за да можат да се справат со зголемениот број заболени и поплаките што стасувале од матичните лекари. Неофицијално наши извори од Министерство за здравство велат дека состојбата во болниците била различна. Дел од болниците биле подготвени за сезоната на грип и имале доволни количини “тамифлу“, а во други немало ниту едно кутивче од антивирусниот лек. Оние болници што навреме не набавиле “тамифлу“, добиле наредба од Министерството за здравство итно да набават од лекот.
    Дознаваме дека нова пратка „тамифлу“ пристигнала дури во вторникот, но дека антивирусниот лек ќе се дава само на инфективните одделенија, а не и по здравствените домови како што беше пракса минатите години.
    Во изминатите четири недели преку електронскиот систем за закажување МојТермин регистрирани се 7.800 заболени од грип, што според здравствените власти е за два до три пати повеќе болни од истиот период лани. На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 13 пациенти болни од грип, кај кои се јавиле компликации, а на инфективното одделение во градската општа болница “8 Септември“ дваесетина.
    “Работат две амбуланти само во прва смена, бидејќи имаме само двајца инфектолози. Другите двајца се болни, од кои едната колешка токму грипот ја кутна. Деновиве само во прва смена има по 60-ина прегледи и скоро е удвоен бројот на пациенти. На одделение од 24 кревети само три се празни, но кај нас се полесните случи. Потешките ги препраќаме на Инфективна, бидејќи во моментов инфектолозите ни се преполовени“, вели д-р Сашо Стојчев, директор на градската општа болница “8-ми септември“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира