Министерот за финансии Зоран Ставрески си поднел оставка, потврдија од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК.
„Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија”, навел во оставката Зоран Ставрески.
Ставрески беше дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии.