СТИПЕНДИИ ЗА 35 СТУДЕНТИ ОД ФОНДАЦИЈАТА “ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТИПЕНДИИ ЗА 35 СТУДЕНТИ ОД ФОНДАЦИЈАТА “ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“

    Фондацијата “Трајче Мукаетов“ годинава ќе стипендира 35 студенти, односно 15 студенти од Фармацевтскиот факултет и 20 студенти од Медицинскиот факултет. Стипендијата, во износ од 6.500 денари месечно, најдобрите студенти од трета и четврта година на овие два факултета при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, ќе ја добиваат 12 месеци.

    Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје, рече дека годинава доделиле 35 стипендии, бидејќи толку студенти ги исполниле критериумите за стипендирање. Тој кажа дека на првенците на генерација од Медицинскиот и од Фармацевтскиот факултет во Скопје, фондацијата “Трајче Мукаетов“ ќе им додели еднократна парична награда од 1.200 евра, односно награда ќе добијат Никола Јовановиќ од Фармацевтскиот факултет со просек 9,93 и Марко Костовски од Медицинскиот факултет со просек 9,97.

    “Почнувајќи од 2007 година па досега, фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ стипендираше вкупно 379 студенти по фармација и медицина. Во оваа бројка се и годинешните 35 студенти. Од нив 142 студенти по фармација и 108 по медицина се веќе дипломирани, а ако ги исполнат условите стипендиите им продолжуваат и наредната учебна година. Од 2009 година до денес својата кариера во одделот фармација во ‘Алкалоид’ ја почнале 40 од стипендираните студенти“, рече Мукаетов.

    Фондацијата е основана во чест на Трајче Мукаетов, кој на чело на “Алкалоид“ доаѓа во 1985 и под негово водство станува водечка фармацевтска компанија во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира