СТУДЕНТИ И ПРОФЕСОРИ ГО БЛОКИРААТ РЕКТОРАТОТ, БАРААТ ЛЕГИТИМНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА ИЗБОР НА НОВ РЕКТОР

    СТУДЕНТИ И ПРОФЕСОРИ ГО БЛОКИРААТ РЕКТОРАТОТ, БАРААТ ЛЕГИТИМНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА ИЗБОР НА НОВ РЕКТОР

     

    Студентскиот пленум протестира пред влезот на Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и не дозволува ректорот и дел од вработените да влезат за да ја почнат, за денес најавената седница за избор на нов ректор.
    Студентите бараат да се одложи седницата оти утврдиле дека само три од вкупно 23 студентски парламенти се легитимни според документите од Центарлен регистар. Тие бараат да се изберат легитимни студентски претставници па потоа да се закаже седницата
    Дел од нелеитимните студентски парламенти денес треба да гласаат за избор на ректор.
    На протестот кој почна уште во осум часот утринава, на студентите им се придужија и професори од Професоскиот пленум кои ги поддржуваат нивните барања и сметаат дека Ректорот има обврска да ја одложи седницата, да се изберат легални претставници на студентите па потоа да си бира нов ректор.
    Студентскиот пленум за овие барања испрати и писмо до Универзитетскиот сенат во кое побара одложување на изборот до септември.
    Ненад Новковски и Никола Јанкуловски се кандидатите од кои треба да се избере новиот ректор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира