СТУДЕНТИТЕ ДЕНЕСКА НА „ОТВОРЕН ПЛЕНУМ“ ПО УСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТУДЕНТИТЕ ДЕНЕСКА НА „ОТВОРЕН ПЛЕНУМ“ ПО УСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    Студентски пленум закажа „Отворен пленум“ за денеска од 18 до 20 часот во амфитеатар 3 на Филозофскиот факултет на УКИМ, на којшто, како што велат, заедно ќе ги дискутираат проблемите со кои се соочуваат студентите и ќе одлучат околу начините за нивно решавање. „Отворениот пленум“ доаѓа по успешниот референдум околу начинот на студентско организирање.

    „По одржувањето на референдумот, Сенатот на УКИМ мора да го следи мислењето на студентите. Но, бројноста на студентите роди нова искра за квалитетно студентско организирање, кое ќе работи за потребите на студентот и подобрување на неговиот стандард. Досега слушнавме голема бројка на проблеми со кои студетите секојдневно се соочуваат. Затоа мислиме дека е време да се собереме на едно место и заедно да ги дискутираме и одлучиме за начини за нивно решавање. Секој студентски дом, секоја неправедност нанесена од факултетскиот кадар, секоја студентска бенефиција може да биде решена доколку студентите се сплотени под заедничкото решение. Дојдете да го осмислиме решението“, стои во најавата на Студентски пленум на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира