СТУДЕНТКАТА ЈОВАНА ЌЕ ГО ПОЕДНОСТАВУВА ПРОФЕСОРОТ ТЕВДОВСКИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

    СТУДЕНТКАТА ЈОВАНА ЌЕ ГО ПОЕДНОСТАВУВА ПРОФЕСОРОТ ТЕВДОВСКИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИВодителката на „Фчерашни“ Јована Аврамовска има завршено Економски факултет, а министерот Драган Тевдовски ѝ бил професор. (Фото: Фејсбук)

    Ќе добивате утрешни, а не вчерашни вести, вели Јована Аврамовска, која ја замени водителската улога во „Фчерашни“, со портпаролската во Министерството за финансии.

    „Фер е граѓаните да знаат како им се трошат парите. Ќе ја промениме сликата за информирањето. Имам чувство дека граѓаните имаат изгубено доверба во институциите. За да можат граѓаните да разберат што работи министерството, ќе ги поедноставуваме информациите и ќе се потрудиме сѐ да објасниме. За мене е најважно да бидам добра врска меѓу граѓаните и министерството“, кажа во претставувањето Аврамовска.

    Јована има завршено Економски факултет, а министерот Драган Тевдовски ѝ бил професор. Има и новинарско искуство.

    Во тимот на министерот Тевдовски е и Рилинд Кабаши, кој што досега работеше во Народна банка, а е ангажиран во делот на макроекомомските политики и финансиите.

    „Остануваат и досегашните портпаролки, а ќе има и доекипирање“, најави Аврамовска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира