СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ ИМААТ ДОЛГ ОД 4,5 МИЛИОНИ ЕВРА, ОБЈАВИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ ИМААТ ДОЛГ ОД 4,5 МИЛИОНИ ЕВРА, ОБЈАВИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕПоранешниот премиер Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ врши увид на новите машини за перење во студентскиот дом „Гоце Делчев“ заедно со заменикот министер во техничката влада Спиро Ристовски на 25 март годинава. (Фото: МИА)

    Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ имаат долгови од 4,5 милиони евра, соопшти Министерството за образование и наука.

    Согласно податоците за неподмирени и преземени обврски на ДСЦ „Скопје“ до 31 мај, долговите достигнуваат 282.754.637,00 денари. Од нив, за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт долгот е 101.720.685 денари или 1,6 милиони евра.

    „Доколку, раководството на ДСЦ „Скопје“ – Скопје, навреме ги подмируваше долговите и обврските, немаше да се доведат студентите кои се сместени во Студентскиот дом ’Гоце Делчев’ но и во останатите студентски домови да ги подготвуваат испитите во темница, и да стравуваат дека ќе останат без електрична енергија или вода за пиење и елементарни услови за престој во објектите“, соопшти Министерството за образование.
    Министерството за образование и наука, претходно информираше дека договориле исплата на долгот со ЕВН Македонија и дека е надминат проблемот со електричната енергија во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира