Поради семејни причини, обвинетиот Драган Павловиќ – Латас денеска не дојде на судското рочиште во Основниот суд Скопје 1 за предметот на СЈО „Тотал” за даночно затајување. Одбраната на обвинетиот рече дека Павловиќ не може да присуствува на денешното рочиште од семејни и лични причини, за што било известено и Специјалното јавно обвинителство.
Од СЈО рекоа дека имаат разбирање за причините поради кое не е присутен обвинетиот, но побараа да се закажат неколку нови термини за да може судењето што поскоро да започне.
Следните рочишта се закажани за 11 и 23 април, но адвокатите на Павловиќ рекоа дека нивниот клиент нема да може да присуствува на рочишта во месец април,по што беа одредени термини за месец мај.
А. АНТЕВСКА