СУДИЈАТА ГО ИСПРАШУВАШЕ ВЕЛИБОР МАНЕВ КОЈ СЕ БРАНИ ДЕКА САМО САКАЛ ДА КИДНАПИРА ЛУЃЕ И ДА ГИ ДРЖИ ЗАТВОРЕНИ ВО ДУПКА ПОД ЗЕМЈА, А НЕ ДА ГИ УБИВА

    СУДИЈАТА ГО ИСПРАШУВАШЕ ВЕЛИБОР МАНЕВ КОЈ СЕ БРАНИ ДЕКА САМО САКАЛ ДА КИДНАПИРА ЛУЃЕ И ДА ГИ ДРЖИ ЗАТВОРЕНИ ВО ДУПКА ПОД ЗЕМЈА, А НЕ ДА ГИ УБИВАВелибор Манев сведочи прв од обвинетите за киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. (Фото: СДК.МК)

    Судијата Ивица Стефановски го испрашуваше Велибор Манев, еден од четворицата обвинети за грабнување и свирепо убиство на соседот Панче Жежовски во Велес, како и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

    Тој признава сè што му се става на товар: дека учествувал во договор со останатите обвинети: Љупчо Палевски, Боре Видевски и Влатко Кешишев да киднапираат луѓе и да изнудуваат пари од нивните семејства, признава копал дупки во местото Рудник над Велес со Влатко за да ги чуваат во нив на ноемврискиот студ во 2023 година во земја на минуснинте температури затворени и сами со денови. Признава и раскажува до детали дека купиле опрема, ракавици, маски, мотороли за планираните киднапирања, раскажува до детали што правеле, како ги извршиле двете тешки кривични дела сите заедно, но застанува кај убиствата.

    „Додека го одврзував Панче за да го ставам во дупката, дојде Палевски и му испука куршум во главата. Да знаев дека Палчо носи пиштол, немаше да бидам овде”, кажа обвинетиот Велибор Манев, убеден дека киднапирањата на луѓе и држење под земја се помалку ужасни кривични дела.

    Иако тврди дека бил шокиран од убиството на Панче, т.е. веќе знаел дека организаторот Палевски има огнено оружје, признава дека тргнале во ново киднапирање во Скопје.

    Имале и два неуспешни обида, дури во третиот обид ја киднапирале Вања.

    Сето ова Велибор Манев го кажуваше и пред судијата.

    Смирен тој си раскажува како по убиството на Панче Жежовски (на 22.11.2023 година) го оставиле крај дупката, а дури ден по убиството на Вања Ѓорчевска се вратиле да го затрупаат со земја.

    Одбраната на овој обвинет во врска со неговото соучесништво во грабнувањето и убиството на 14-годиштото девојче од нејзината зграда, пак, е дека мислел оти грабнуваат жена, а не дете. Не видел во темницата. Иако носела школско ранче, тврди дека не видел оти се работи за ученичка во основно училиште.

    Со Боре ја киднапирале Вања, ја ставиле и неа во вреќа и му ја дале на Палчо горе над скопското село Бразда. Многу се изненадиле што ја убил веднаш, исто како Панче.

    Овој обвинет киднапер на луѓе, извршител на две ужасни кривични дела, треба да одговара и на прашањата на адвокатот на неговиот пријател Боре Видевски.

    Потоа ќе сведочи и Видевски, па Кешишев и на крај Љупчо Палевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира