СУДИЈКАТА ГИ ВРАТИ ДОКАЗИТЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ЗА ГОРАН ГРУЈОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИЈКАТА ГИ ВРАТИ ДОКАЗИТЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ЗА ГОРАН ГРУЈОВСКИ

    Основниот суд Скопје 1 соопшти дека ги врати доставените докази од Специјалното јавно обвинителство за обвинителниот предлог против ексначалникот на Петтата управа  на МВР Горан Грујовски и шестмина други вработени во Управата за фалсификување службени исправи. Од Судот информираат дека во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите. Оттаму велат дека без таков акт, класифицираните докази не може да бидат користени во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението.

    „Основен суд Скопје 1 –  Скопје информира дека судијата кој треба да постапи по обвинителниот предлог во скратена постапка против Г.Г. и други лица осомничени лица за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“ од чл.361 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, поднесен од страна на Специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), со допис ги врати доставените докази во прилог на обвинителниот предлог на СЈО.

    Имено во дописот се наведува дека во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира