СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈА ЗА „ТРЕЗОР“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈА ЗА „ТРЕЗОР“

    Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на еден од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“.

    „Постапувајќи по барањето на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за изземање на судија на претходна постапка кој треба да одлучува по предлог на истото обвинителството за определување мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО познат како „Трезор“, Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое барањето се одбива бидејќи не се основани причините за изземање на судија кои СЈО ги навел во своето барање“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    СЈО има право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје на одлуката на Основниот суд Скопје 1.

    Специјалното јавно обвинителство побара изземање на една од судијките на претходна постапка за предметот „Трезор“, затоа што нејзиниот девер е вработен во правно лице со кое правното лице „Финзи“ е во должничко-доверителска релација. Судијката на претходна постапка, за која СЈО побара изземање, го добила барањето за определување мерки на претпазливост – одземање пасоши, за тројца осомничени во „Трезор“

    Ова беше трето барање за изземање судија од страна на СЈО, а и претходните две беа одбиени како неосновани.

    Во петокот, друг судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за едно осомничено лице во врска со истрагата за предметот „Трезор“.

    На прес-конференцијата од 28 септември, СЈО соопшти дека покренало истражна постапка против три раководни лица од УБК и едно раководно лице од МВР, кои се сомничат дека прибавиле имотна корист за правно лице регистрирано како ДТУ „Финзи“ во вкупен износ од над 53 милиони денари, или над 862.000 евра. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека станува збор за основано сомнение дека пари од буџетот преку злоупотреба на функции и злоупотреба на буџетот се искористени за лично богатење. Станува збор за набавка на електронска и комуникациска опрема од правно лице од Велика Британија.

    Управител на фирмата ДТУ „Финзи Дооел“ бил Коста Крпач, кој бил сведок на СЈО. Тој беше најден застрелан во својот стан во Скопје во април оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира