Основниот кривичен суд Скопје, во кој судијката Даниела Алексовска-Стојановска на неосудуваниот 20-годишен Васил Јованов му изрекла пресуда – упатување во Воспитно-поправен дом за продажба на дрога – амфетамини, со соопштение праша дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството?
Пред два дена Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло со 120 км на час, 22-годишната Фросина Кулакова додека таа минувала на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје, а вчера судија на претходна постапка му досуди 30 дена притвор.
Судот потенцира дека кога му се судело на Јованов за најдените 80 пакетчиња амфетамин, тој имал чисто досие, не бил осудуван, па со оглед на тоа што го наложува Законот за правата на децата, а судијката му дала шанса да се рехабилитира место да го стави во затвор.
Кривичниот суд вели дека кој било граѓанин кој претходно не бил во судир со Законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и непоседување возачка дозвола.
„Станува збор за општествен проблем!“, предупредува Судот.
- ФРОСИНА Е ЖРТВА ОТИ ВО ДРЖАВАТА НЕМА КАЗНИВОСТ, РЕКОА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПРЕГАЗЕНАТА ДЕВОЈКА ВО СКОПЈЕ
- СТУДЕНТИТЕ ПРЕД КРИВИЧЕН СУД ПОБАРАА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА 20-ГОДИШНИКОТ КОЈ ЈА ПРЕГАЗИ ФРОСИНА И НАЈАВИЈА НОВИ ПОМАСОВНИ ПРОТЕСТИ
„Што се однесува до претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, ја информираме јавноста, дека истиот на 31.07.20204 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска, и тоа за две кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се заметува и времено поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, Мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција. Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде сè уште не е вратен на евентуално извршување“, кажа Кривичниоот суд.
Судот денеска изрази жалење за загубата на младиот човечки живот.
„Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа? Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат“, вели Судот.
С. К. ДЕЛЕВСКА