СУДОВИТЕ СЕ ИНСТИТУЦИИ СО НАЈМАЛА ДОВЕРБА, ВО СОРАБОТКА СО МЕДИУМИТЕ МОЖАТ ДА ЈА ПОПРАВАТ СЛИКАТА, КАЖА ДЕСКОСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА СУДСКО-МЕДИУМСКИОТ СОВЕТ

    СУДОВИТЕ СЕ ИНСТИТУЦИИ СО НАЈМАЛА ДОВЕРБА, ВО СОРАБОТКА СО МЕДИУМИТЕ МОЖАТ ДА ЈА ПОПРАВАТ СЛИКАТА, КАЖА ДЕСКОСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА СУДСКО-МЕДИУМСКИОТ СОВЕТМинистерката Рената Дескоска, претседателот на Здружението на судии Џемали Саити и претседателката на Судско-медиумскиот совет Гордана Дувњак на денешната промоција.

    Во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката за правда Рената Дескоска, денеска се промовираше првиот Судско-медиумски совет за отворање и поголема транспарентност на судовите.

    Вакво тело не функционира во регионот, пресликано е од САД. Таму судиите и новинарите седат на иста маса и се договараат, воспоставуваат соработка како да се снимаат со камера судските случаи, како јавноста да има увид во пресудите што ги носат судиите, но и во доказите врз база на кои се изрекувани тие пресуди.

    Здружението на судии и претседателот Џемали Саити се носители на проектот, а подготовките и обуките се со средства од американските даночни обврзници, како помош на Америка за да се воспостави конечно владеење на правото и транспарентност на судството во Македонија.

    „Судовите се со најмала доверба од институциите во државава. Се надевам со своето независно и транспарентно работење во соработка си медиумите, тие ќе ја поправат оваа слика“, рече министерката Дескоска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира