СУДСКИОТ СОВЕТ НА ИТНА СЕДНИЦА ГО РАЗРЕШИ ОСУДЕНИОТ ВРХОВЕН СУДИЈА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ, ВЕЛАТ ДЕКА НЕ СМЕЕ ДА ЗЕМЕ НИТУ ЕДЕН ЧАС ПЛУС ПЛАТА

    СУДСКИОТ СОВЕТ НА ИТНА СЕДНИЦА ГО РАЗРЕШИ ОСУДЕНИОТ ВРХОВЕН СУДИЈА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ, ВЕЛАТ ДЕКА НЕ СМЕЕ ДА ЗЕМЕ НИТУ ЕДЕН ЧАС ПЛУС ПЛАТАЃеоргиев призна вина и се спогоди со обвинителката за организиран криминал и корупција Верица Бержецка-Крстева за три години затвор. (Фото: Врховен суд)

    Судскиот совет на итна седница денеска го разреши врховниот судија Наќе Георгиев откако вчера тој доби пресуда од три години затвор за митото од 15.000 евра за кое беше фатен на дело.

    „Ѓеоргиев не треба да зема ниту еден саат плус плата од граѓаните поради она што го направи. Тој е срам за судството и апелираме до судиите кои ќе бидат подложени на вакви влијанија од колеги судии или на притисоци да одбијат и да пријават задолжително“, беше кажано на денешната итна седница на Судскиот совет во преполовен состав со членовите кои се затекнале во државата, бидејќи е период на годишни одмори.

    Ѓеоргиев призна вина и се спогоди со обвинителката за организиран криминал и корупција Верица Бержецка-Крстева за три години затвор.

    Максималната казна за вакво дело е 10 години, но судијата Душан Јосифов од Основниот кривичен суд ја прифати оваа блага казна за судија од врвот од судството од кој се очекуваше да дели правда.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира