СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ ЈА ЗЕДЕ ПОД ЗАКУП БЕЛГРАДСКАТА ПИВАРНИЦА БИП ЗА 912.000 ЕВРА ГОДИШНО

    СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ ЈА ЗЕДЕ ПОД ЗАКУП БЕЛГРАДСКАТА ПИВАРНИЦА БИП ЗА 912.000 ЕВРА ГОДИШНОЈаневски истовремено е мнозински сопственик и претседател на управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“ - на прославата на 95 години Стопанска комора на Македонија во февруари годинава (Фото: Ѓ. Личовски)

    Компанијата „М-6 Еден“ во сопственост на Светозар Јаневски стана закупец на Белградската индустрија за пиво (БИП).

    „М-6 Еден“на последната аукција даде највисока понуда за закуп на сите брендови на Белградската пиварница по што одборот на доверители на БИП ја прифати понудата, соопшти компанијата на Јаневски.

    Согласно договорените услови во наредниот период ќе бидат задржани вработените, а во следните фази се предвидува развој на бизнисот и унaпредување на работењето на компанијата.

    Српската новинска агенција „Танјуг“ објави дека понудата на „М-6 Еден “ за закуп на БИП изнесува 912 илјади евра годишно.

    Јаневски истовремено е мнозински сопственик и претседател на управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“.

    Новиот закупец на БИП изјавил за „Танјуг“ дека планира во иднина да вработи до 300 работници и да вложи во нови производствени капацитети во вредност од 30 милиони евра за изградба на нов погон во рамките на сегашната пивара на БИП во Белград.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира