ТАМАРА ЈА УТНА ХИМНАТА НА ПРИЕМОТ ВО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЗА 4 ЈУЛИ

    ТАМАРА ЈА УТНА ХИМНАТА НА ПРИЕМОТ ВО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЗА 4 ЈУЛИЕвровизиската претставничка Тамара Тодевска на приемот на Американската амбасада по повод 4 јули. (Фото: К. Попов)

    Пејачката Тамара Тодевска испеа своја верзија на македонската химна на приемот во Амбасадата на САД во Скопје по повод 4 Јули, Денот на независноста. Годинашната евровизиска претставничка додаде четири стихови, а испушти да испее четири стихови од официјалната државна химна.

    Тодевска синоќа го испушти делот со „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ по „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република!“, а во нејзината изведба го немаше ниту делот „Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници!“, пред „Македонија слободна, слободно живее!“.

    Место тоа, Тодевска испеа „Старо младо машко и женско, на нозе се кренало!“ и „Не плачи Македонијо мајко мила, Крени глава гордо високо“, стихови од стари верзии на химната.

    Ниту Тамара Тодевска, ниту Американската амбасада утринава немаа коментар за пропустот со химната.

    Организацијата на македонски иселеници со седиште во Вашингтон „Обединета македонска дијаспора“ побара извинување и итно објаснување од Амбасадата на САД во Скопје за погрешната химна. Велат дека за грешката ги известиле Стејт департментот на САД, Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот Дом и Конгресната група за Македонија и македонско-американската заедница.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари