ТЕПАЧИТЕ И ТЕПАНИТЕ СЕ ЛУЃЕ ОД ИСТА ГРУПАЦИЈА, ВЕЛИ СПАСОВСКИ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО ОХРИД ВО КОЈА НАСТРАДА СЕКРЕТАРОТ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ „БОРИС ТРЕТИ“

    ТЕПАЧИТЕ И ТЕПАНИТЕ СЕ ЛУЃЕ ОД ИСТА ГРУПАЦИЈА, ВЕЛИ СПАСОВСКИ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО ОХРИД ВО КОЈА НАСТРАДА СЕКРЕТАРОТ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ „БОРИС ТРЕТИ“И пренесувањето на повредениот во болница во Софија со бугарски владин авион е дел од сценарио, смета министерот. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека минатонеделната тепачка во Охрид, во која беше повреден секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ е дел од хибридна војна против Македонија. Според него, цел на хибридната војна е да се блокираат евроинтеграциите на земјата.

    „Луѓе од иста групација се и оние кои тепаат и оние кои се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. Секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај. Иако се обидуваат да ни накалемат, дека државата не презема мерки за некоја категорија на граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно“, рече Спасовски во гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

    И пренесувањето на повредениот во болница во Софија со бугарски владин авион е дел од сценарио, смета министерот.

    „Секако дека ова е креирање на сценарио за да се покаже наводна грижа. Истата грижа, дури и подобра, може да ја добие во здравствените установи во Македонија“, рече Спасовски.

    Спасовски вели дека во државата, но и надвор, постојат елементи кои не посакуваа да бидеме членки на НАТО и сега не посакуваат да бидеме во ЕУ и дека нивните активности се зголемиле од почетокот на руската инвазија на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира