ТЕПАЧКА ВО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1, ПАНЧЕВСКИ НЕ БИЛ ВМЕШАН, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕПАЧКА ВО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1, ПАНЧЕВСКИ НЕ БИЛ ВМЕШАН, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА

    Двајца вработени во стручната служба на Основниот суд Скопје 1 попладнево се степале во една од канцелариите, по што интервенирале судската и полицијата на СВР Скопје. Настанот штотуку и официјално го потврди Кривичниот суд.
    “Во однос на вашето прашање, ве информираме дека во судот денеска имало настан во кој еден од вработените најпрво вербално нападнал друг вработен со закани по 
    неговиот живот. Потоа и физички го нападнал, по што нападнатиот ги известил претпоставените во судот дека за истото ја информирал полицијата. Полицијата  
    пристигнала во судот и го документирала настанот. Вербалната расправија и физичкиот напад се случиле пред друг вработен, кој бил сведок“, се вели во дописот на Основниот суд Скопје 1.
    Денеска било многу тензично во Кривичниот суд, особено откако 15 судии се побунија оти претседателот на судот Владимир Панчевски, за лична пресметка со нивниот колега судијата Иван Џолев во која двајцата си имаат поднесено по една кривична пријава и по една претставка за разрешувањe, го користи веб сајтот на Основниот суд Скопје 1 и соопштува информации за неговото сослушување во Обвинителството и контратужбата што му ја поднел на Џолев. Овие 15 судии побараа од Судскиот совет да преземе мерки против ваквото однесување на Панчевски.
    Вработените во Кривичниот суд, исто како и за време на штрајкот на правосудството во мај и јуни годинава, и за оваа теми се поделени на приврзаници на претседателот Панчевски и на незадоволни од неговото покажување на сила и моќ, како што наведуваат 15-темина потпишани судии на известувањето до Судскиот совет.
    Последица на поделеноста биле и попладневната расправија, закани по живот и тепачка во Основниот суд Скопје 1, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од Судот.
    “Отфрламе било какви шпекулации дека во Судот имало превртување на бироа и кршење на инвентар како и дека во настанот бил вмешан претседателот на 
    судот, со кого медиумите ги поврзуваат последните настани во и околу судот. Што се однесува до денешниот настан, тој е пријавен кај надлежните органи кои понатаму треба да постапуваат“, велат од судот. 
    Неофицијално, за инцидентот ќе следуваат прекршочни пријави за двајцата учесници во расправата и во физичката пресметка. Ним ќе треба да им суди одделот за јавен ред и мир во Судот за прекршоци, кај што под казна, од судија кривичар во Основниот суд Скопје 1, по наредба на претседателот Панчевски, е преместен судијата Иван Џолев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира