ТОА ШТО ШИЛЕГОВ СЛАВЕШЕ ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ТИТО Е ИСТО КАКО БЕРЛИНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ДА СЛАВИ ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ХИТЛЕР, ВЕЛИ ЗАХАРИЕВА

    ТОА ШТО ШИЛЕГОВ СЛАВЕШЕ ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ТИТО Е ИСТО КАКО БЕРЛИНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ДА СЛАВИ ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ХИТЛЕР, ВЕЛИ ЗАХАРИЕВАЗа бугарската министерка Екатерина Захариева Тито е еден од најмрачните диктатори. (Фото: Фејсбук)

    Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека одбележувањето на 40-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито од страна на Град Скопје е исто како градоначалникот на Берлин да прославува годишнина од смртта на Хитлер, во интервју за германскиот весник „Велт“. Захариева нешто слично кажа и на 15 ноември, кога скопскиот градоначалник Петре Шилегов и одговори дека зборува глупости.

    „Тие беа многу брутални кон мене кога се осмелив да го искажам моето незадоволство од прославата на 40-годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито. Тој уби 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија за помалку од десет години. И тие сè уште го слават. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. И по таа изјава, јас веќе не бев популарна таму. Но, тоа би било исто како градоначалникот на Берлин да добие идеја да прославува годишнина на смртта на Хитлер“, кажа Захариева во денешното интервју.

    Во Скопје немаше никакво официјално одбележување на 40-годишнината од смртта на Тито, а ниту е познато е од каде Захариева дошла до бројката од 1,7 милиони убиени луѓе во поранешна Југославија за помалку од десет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира