ТОПЛОТЕН БРАН И ПРАШИНА ОД САХАРА ДОАЃААТ НЕДЕЛАВА

    ТОПЛОТЕН БРАН И ПРАШИНА ОД САХАРА ДОАЃААТ НЕДЕЛАВАРазладување во реката Треска близу Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Температурите ќе растат следната недела ширум земјата и метеоролозите предвидуваат и до 40 степени на некои места.

    „До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а на места ќе достигнува до 40 степени“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Оттаму додаваат дека во попладневните часови, особено утре, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

    Истовремено, се очекува прашина од Сахара во вторник и среда. Жешкиот бран, за кој не се знае до кога ќе трае, доаѓа од Алжир, Тунис и Либија во северна Африка.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира