Три лица се ранети од кои едно потешко во оружена престрелка што се случила попладнево во Мала Речица во близина на седиштето на ДУИ, кај ресторанот „Куртишевиќ“, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК, од извори во Тетовската болница.
Не се знаат причините, ниту пак дали има уште повредени лица.
Според болничките извори, околу 18 часот во Клиничката болница во Тетово биле донесени три лица со повреди. Едното од нив поради сериозноста на повредите итно било префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.
За повеќе детали се очекува соопштение од МВР.
З. АНДОНОВ