ЦЕНТРАЛНА ЈАВНА НАБАВКА НА 40 СОВРЕМЕНИ ЛЕКОВИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА, НАЈАВИ МИНИСЕРОТ ФИЛИПЧЕ

    ЦЕНТРАЛНА ЈАВНА НАБАВКА НА 40 СОВРЕМЕНИ ЛЕКОВИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА, НАЈАВИ МИНИСЕРОТ ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство Венко филипче рече дека набавката ќе биде двегодишна, за шти имаат испланирано 17 милиони евра, односно 8,5 милиони евра годишно (фото: Министерство за здравство)

    Централна јавна набавка на 40 лека за четири клиники најави последниот ден од годината министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека на тој начин ќе обезбедат современи терапии за пациентите, кои клиниките и сега ги набавуваат во рамки на условните буџети.

    Тој рече дека набавката ќе биде двегодишна, за што имаат испланирано 17 милиони евра, односно 8,5 милиони евра годишно. Според него со тоа ќе заштедат и средства, бидејќи секоја од клиниките за хематологија, онкологија, ревматологија и неврологија, за лекови за онколошки и автоимуни заболувања со условните буџети трошеле по 2,5 милиони евра годишно, односно 5 милиони евра за две години.

    „Буџетот ќе биде единствен за набавка на овие лекови, односно ќе се обезбеди нова современа терапија за карцином на бели дробови за 10 пациенти, нов лек за 200 пациенти со рак на дојка, нов лек на меланом за 40 пациенти, нови лекови ќе има и за колоректален карцином, за мултиплекс склероза за 430 пациенти, нов лек за лимфом за 60 пациенти и за ревматоиден артрит за нови 40 пациенти“, рече Филипче.

    Тој кажа дека со оваа набавка лековите нема да бидат од паралелен увоз, поради што направиле и законски измени оваа година.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира