ТУРКАНИЦА ВО КРИВИЧНИОТ СУД ЗА БАРАЊА ОД КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТУРКАНИЦА ВО КРИВИЧНИОТ СУД ЗА БАРАЊА ОД КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ

    Во Основниот суд Скопје 1 има наплив од барања за неосудуваност, поради тоа што кандидатите за пратеници бркаат рок за да го извадат документот без кој не може да се кандидираат за изборите на 11 декември.

    Изборниот законик и Уставот на РМ не забранува за функцијата пратеник да се кандидираат лица против кои обвинителството води истрага.
    Според член 7 од Изборниот законик, кандидат за пратеник може да биде државјанин на Република Македонија ако: наполнил 18 години живот и има деловна способност.

    Кандидат за пратеник не може да биде лице кое е осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци, чие издржување се уште не е започнато и  се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело.
    Кривичниот суд ги извести сите граѓани дека поради предвремените парламентарни избори и приливот на поднесени барање за издавање на Уверенија од Казнена и Кривична евиденција, тие ќе се издаваат во рок одпет до седум дена, зависно од обемот на работата.
    „Затоа уште еднаш им укажуваме на сите граѓани кои имаат потреба од Уверение од Казнена или Кривична евиденција, без разлика за која намена им е потребно уверението, навреме да го поденсат барањето во Кривичниот суд во Скопје и воедно напоменуваме дека конкретните уверенија, согласно Законските одредби, се поднесуваат и се издаваат од страна на надлежен суд, според место на раѓање, а не според место на живеење“, соопшти Судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира