Во Скопје е уапсен 45-годишниот Р.К., осомничен дека препродавал кокаин, хероин и марихуана, соопштија полицијата и обвинителството. Тој веќе бил осуден и одлежал 15 години затвор за дилање дрога.
Дополнително, денеска полицијата спроведе претрес на три локации во скопската населба Гази Баба, при што нашле кокаин, три дигитални ваги и други предмети, а во деловен објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога.
Од обвинителството велат дека во текот на постапката, против осомничениот ќе биде спроведена и финансиска истрага и доколку се потврдат сомненијата дека пронајдената опрема, превозни средства и недвижниот имот се стекнати со финансиски средства остварени со продажба на наркотична дрога, Јавното обвинителство ќе поведе постапка за конфискација, во согласност со законските одредби.