УАПСЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО СТРУГА И ГОСТИВАР, ПЛАНИРАЛЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ НАСТАНИ ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА, КАЖА ТОШКОВСКИ

    УАПСЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО СТРУГА И ГОСТИВАР, ПЛАНИРАЛЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ НАСТАНИ ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА, КАЖА ТОШКОВСКИМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска кај Сити Мол во Скопје ги посети полициските службеници кои работат во делот на превенција и во рамките на планот за засилено присуство на полицијата на терен. (Фото: МВР)

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска кажа дека во полициска акција утрово спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави.

    Тој додаде дека се постапувало по наредба од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција во делот на приведување четири лица.

    „Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели“, рече Тошковски.

    МВР поднело кривична пријава за кривичното дело Терористичка организација, а министерот рече дека во однос на мотивите имаат основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира