УЧЕБНИКОТ ПО ИСТОРИЈА И ОПШТЕСТВО ЗА ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ИМ НАНЕСУВА НЕПРОЦЕНЛИВА ШТЕТА НА УЧЕНИЦИТЕ, РЕАГИРААТ ИСТОРИЧАРИТЕ

    УЧЕБНИКОТ ПО ИСТОРИЈА И ОПШТЕСТВО ЗА ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ИМ НАНЕСУВА НЕПРОЦЕНЛИВА ШТЕТА НА УЧЕНИЦИТЕ, РЕАГИРААТ ИСТОРИЧАРИТЕИсторичарите бараат учебникот да биде повлечен од употреба. (Фото: Фејсбук)

    Ако новиот ученик по Историја и општество за петто одделение се употребува во наставата, ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес и ќе влијае негативно врз развојот на учениците, реагира Здружението на историчарите и бара да учебникот да биде повлечен од употреба. Министерството за образование и наука (МОН )на 16 декември соопшти дека преку Националната комисија за учебници, почнат е процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот во кој се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, не смееја да се дозволат.

    Здружението регира дека во учебникот од авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, се направени редица пропусти, и во содржинска и во концепциска смисла, и се наведени повеќе погрешни информации.

    • Во нивната реакција изнесуваат само неколку од многуте недостатоци, како на пример:
      „Стариот/ античка историја век е историски период кој започнал со пронаоѓањето на првото писмо, а завршил во 5.век пр.н.е.“ (стр. 113)
      Ова е погрешен податок, според кој почетокот на средниот век, во суштина, се поместува 10 века поназад. Имено, средниот век започнува со големите преселби на народите во V од н. е. Според она што го навеле авторките, средниот век во историјата започнува со Грчко-персиските војни. Понатаму не постои нешто наречено „Стариот/ античка историја век“, бидејќи античката историја е, впрочем, само еден дел од она што се нарекува историја на стариот век.
      ⦁ „Почетокот на новиот век/ модерната историја започнува со откривањето на парната машина, а историски завршува со почетокот на Првата светска војна.“ (стр. 116)
      Новиот век не започнува со пронаѓањето на парната машина во 18.век. Новиот век, во согласност со академскиот консезус во Европа, започнува со појавата на печатницата на Гутенберг и со ренесансата, која ги црпи основните идејни постулати од средновековието.
    •  „Никола Тесла изумител на електричната енергија.“ (стр. 116)
      Истражувањето и откривањето на електрицитетот има своја историја, која започнува со старогрчкиот филозоф Талес од Милет. Никола Тесла, историски гледано, ја има заслугата за креирањето услови за користење и производство на наизменичната струја.
    • „Марија Кири – полска научничка добитничка на две Нобелови награди за наука.“ (стр. 116)
      Марија Кири двапати ја добила Нобеловата награда, и тоа за хемија и за физика. Не постои „Нобелова награда за наука“.
    •  „Египетскиот календар е лунарен.“ (стр. 120)
      Египетскиот календар е, всушност, соларен.
      ⦁ „Асирскиот календар е лунарен календар.“ (стр. 121)
      Асирскиот календар е лунисоларен. Тука може да се констатира и фрапантно непознавање на темата за која пишуваат авторките. Имено, наставната содржина е наменета за календарот на Асирското Царство, во кое се користело клинестото писмо. Табелата во која се претставени месеците и нивните имиња, всушност, е напишана на сириски абџад и претставува календар кој го користат современите Асирци, при што тој е и обратно поставен. Сирискиот абџад се пишува од десно кон лево, додека прикажаното на табелата е пишувано од лево кон десно.
    •  Римскиот колосеум „потекнува од пред 72 година од н. е.“ (стр. 141)
      Изградбата на Колосеумот започнала околу 72 година од н. е. и била завршена за осум години.
    • Дадени се прикази на Роза Луксембург и на Мартин Лутер Кинг (стр. 44–45), во кои не се зборува за нивното дело, туку се истакнуваат само нивните морални и лични карактеристики.
    • „Наша ера, нова ера“
      Во учебникот на различни страници се користат термините „наша ера“ и „нова ера“. Недозволива е ваква неконзистенстност на термините во учебник кој треба да биде почетно запознавање на учениците со историјата како наука.

    „Општо земено, сметаме дека учебникот е, всушност, директен резултат на избрзано донесената Концепција за основно образование, врз база на која е изработена и новата наставна програма. Концепцијата за основно образование, со која беше укинат предметот Историја како одделен предмет, всушност, го сведува изучувањето на историјата на ниво на поимско и фактографско учење“, стои меѓудругото во реакција од историчарите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира