Провајдерот „Унет“, кој ги опслужува медиумите чиишто портали утринава се паднати, тврди дека не се работи за никаков хакерски напад туку за класичен технички проблем.
„Проблемот се случил синоќа додека сообраќајот на порталите бил мал затоа и не се активирале заштитните механизми. Се работи за линковски проблем и некако не станува збор за сајбер-напад. Работиме на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе биде решен. Потенцирам дека не станува збор за никаков напад“, изјави за агенцијата „Мета“ Антони Пешев, директор на „Унет“.
Пристапот е оневозможен до веб-страниците на „фокус.мк“, „новатв.мк“, „либертас.мк“, „сдк.мк“, „локално.мк“, „плусинфо.мк“ како и на електронските изданија на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вечер“.