УПОТРЕБАТА НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ КАЈ МЛАДИТЕ ПОРАСНАЛА ЗА 10 ОТСТО ЗА 4 ГОДИНИ, ДОКТОРИТЕ БАРААТ ИТНО ДА СЕ СМЕНИ ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ

    УПОТРЕБАТА НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ КАЈ МЛАДИТЕ ПОРАСНАЛА ЗА 10 ОТСТО ЗА 4 ГОДИНИ, ДОКТОРИТЕ БАРААТ ИТНО ДА СЕ СМЕНИ ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕНовинарката Катарина Синадиновска (модераторка на Форумот), д-р Здравески, д-р Петровски и Гиновски на денешниот настан во „Даре Џамбаз“. (Фото: СДК.МК)

    За четири години, за 10 отсто е зголемена употребата на електронски цигари кај младите и мора под итно да се реагира на употребата, апелираа доктори од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на денешниот форум организиран од Сојузот за превентива од алкохолизам, борба против пушењето и злоупотребите на дрогите, како и борба против други зависности на Македонија во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“.

    Д-р Давид Здравески од ИЈЗ кажа дека според нивните истражувања, во 2020 година, 21 отсто од младите кажале дека употребуваат електронски цигари, а во 2024 речиси 30 отсто од младите се изјасниле дека користат вакви уреди. Според него, потребни се брзи, ефективни мерки со кои би се заштитиле здравјето и иднината на младината, создавајќи средина што ги намалува ризиците.

    Ниту една институција, рече тој, сама не може да го реши овој проблем, потребна е координација меѓу институциите, училиштата, здравствениот сектор и семејствата.

    „Употребата на тутун е сериозна, имаме рекордни бројки со највисоки стапки меѓу земјите во светот. За 10 години употребата на класични цигари останува иста, но е зголемена кај новите кои се популарни кај младите. Постојат големи системски пропусти што дозволиле овие производи да бидат привлечни кај младината. Тоа се должи на широкото рекламирање насекаде, бидејќи сѐ уште не се целосно регулирани со Законот за заштита од пушење. Со вкусовите, со боите, со нивната лесна достапност и неконтрола на нивната продажба,  па и нивното рекламирање по социјални мрежи, речиси сите инфлуенсери, блогови, подкасти имаат спонзори од овие прозводи. Со тие вкусови им се создава лажна перцепција дека не се штетни, си велат ‘Ова има вкус на киви, како сокче, не може да ми наштети’. Плус, со сите тие додатоци, кои имаат силна маркетиншка кампања, на младите им се како модни додатоци. Не може за 16. роденден на дете, родител да му купи електронска цигара. Во тек, т. е. предвидени се некои измени на  Законот, ќе видиме во наредните месеци“, рече д-р Мартин Петровски од ИЈЗ.

    На форумот биле поканети и директори, педагози, психијатри од основните и средните училишта на Град Скопје, но сите учесници со жалење заклучија дека е штета  што дојдоа едвај 20-тина лица. (Фото: СДК.МК)

    Според него, не е доволна само работата на ИЈЗ, треба системста поддршка, почнувајќи од училиштата, треба во редовната настаа да се вметне промоција на здрави навики. Петровски работи и на инфо линијата на ИЈЗ за одвикнување од пушење и рече дека за помош се јавуваат само повозрасни граѓани, само 1-2 малолетници побарале помош за одвикнување.

    На Форумот говореше и Миле Гиновски, социолог, пензионер кој работел во Министерството за образование и наука, кој кажа дека сѐ ова ни се случува и ќе ни се случува поради ниското ниво на свеста кај институциите кои се задолжени да го следат овој проблем , ниското ниво на знаења кај тие институции и ниското ниво на одговорност.

    На форумот биле поканети и директори, педагози, психијатри од основните и средните училишта на Град Скопје, но сите учесници со жалење заклучија дека е штета  што дојдоа едвај 20-тина лица.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира