Управата за извршување на санкциите за првпат додели плакети со посвета за индивидуалниот придонес на секој од добитниците, долгогодишни вработени во затворите. На свеченоста во затворот Идризово, директорот на Управата Марјан Спасовски се заблагодари со плакети и на Советот на Европа кој ги помага затворите, на професори, затворски полицајци и на поранешни директори.
Долгогодишни вработени кои цел живот се во затворите, плакетите ги примија емотивно.
За првпат е доделена и плакета на новинар, за долгогодишна соработка, поддршка и унапредување на пенитенцијарниот (затворскиот) систем во Македонија.
За повеќегодишно известување за состојбата во затворите и во Воспитно-поправниот дом Тетово, со критички осврт со цел да се подобрат уловите за осудените лица и за вработените во овие установи, Управата за извршување на санкциите ѝ додели благодарница на новинарката од САКАМДАКАЖАМ.МК Соња Делевска.
САКАМДАКАЖАМ.МК му се заблагодари на директорот на Управата Марјан Спасовски, кој сепак на критиките од медиумите, е транспарентен и натаму. Куриозитет е што како менаџер на најзатворениот систем во државата, тој како раководно лице е најотворен кон медиумите и со тоа ги сведе лажните вести од затворите на минимум.
М. ИЛИОСКИ