УСТАВЕН РАСПРАВА ЗА ЧЛЕН ОД ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ ЗА КОЈ И ПРИБЕ ПОБАРА ДА СЕ УКИНЕ

    УСТАВЕН РАСПРАВА ЗА ЧЛЕН ОД ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ ЗА КОЈ И ПРИБЕ ПОБАРА ДА СЕ УКИНЕМнозинството уставни судии ја поддржуваат иницијативата за укинување на спорниот член од Законот за електронски комуникации. (Фото: СДК.МК)

    Законитоста и уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, кој што е споменат како спорен во извештајот на Прибе, денеска е предмет на расправа во Уставниот суд. Мнозинството уставни судии се за прифаќање на иницијативата за укинување на членот , бидејќи, како што образложи судијата Ангелина Маркудова, со директниот пристап и со можноста за следење на комуникациите преку телекомуникациските оператори се загрозуваат правата на граѓаните на приватност и им се овозможува на државните органи, односно на МВР и на УБК, произволно и неконтролирано да ги следат комуникациите и да ги загрозуваат човековите права на граѓаните.

    Во извештајот на Прибе е споменат истиот член, со кој, според експертската група, се овозможува на УБК да прислушува и без издадена судска наредба.

    „Постапувајќи согласно членовите 175 и 176 од Законот за електронски комуникации, секој од трите национални телекомуникациски оператори ја снабдува УБК со потребната техничка опрема, овозможувајќи и директно да ги следи нивните целосни оперативни центри. Од посебна гледна точка, како последица на ова, УБК може директно да ги следи комуникациите, независно и слободно, без оглед на тоа дали е издадена или не е издадена судска одлука согласно Законот за следење на комуникациите“, се вели во извештајот, од кој што произлегуваат Итните реформски приоритети за новата влада.

    Предлогот на Маркудова за прифаќање на иницијативата го поддржаа и судиите Сади Мурати, Наташа Габер, Исмаил Дарлишта и Газиме Старова, а против се претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски, и судиите Јован Јосифовски, Елена Гошева и Владимир Стојановски.

    Расправата трае речиси три часа, а во моментот судиите се на пауза, по што расправата ќе продолжи, а судиите треба да гласаат дали ќе ја прифатат да расправаат по иницијативата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира