Уставниот суд со мнозинство гласови на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на втората одлука на Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба, која што сè уште активна и таа продолжува да важи до истекот на нејзините 30 дена, на 16 мај.
„Не е ставена под знак прашалник уставноста на одлуката на претседателот Стево Пендаровски“, велат од Уставниот суд.
Овој суд првпат во историјата од неговото основање во 1964 година расправа за активна вонредна состојба.
Кај претседателот Пендаровски во моментов се одржува лидерска средба за утврдување на датумот за предвремените парламентарни избори, кои беа првично закажани за 12 април.
На седницата задутре, Уставниот суд ќе расправа за полицискиот час, кој е оспорен поради дискриминација на граѓаните и други основи, од кои се инспирирал подносителот.
С. К. ДЕЛЕВСКА