Уставните судии добиле предлог од судијата-известител Елена Гошева, експретседател на Уставниот суд, на утрешната седница да ги офрлат иницијaтивите за вечно владеење на градоначалниците, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Според тоа, нашите извори од Уставниот суд претпоставуваат дека на утрешната седница ќе се отфрлат контроверзните иницијативи со коишто се бараше укинување на членовите од Законот за локална самоуправа со кои се ограничува мандатот на градоначалниците и советниците на 4 години.
Иницијативите ги поднесоа Министерството за правада и Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров и предизвикаа бурни реакции од страна на уставните есперти, но и од кривичарите, кои неколку пати ги предупредија уставните судии дека оние кои ќе гласаат за продолжување на мандатот кривично ќе одговораат.
С.К. ДЕЛЕВСКА