В САБОТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРАБОТУВА 7 МАЈ КОЈ БЕШЕ НЕРАБОТЕН ПОРАДИ ПОСЕТА НА ПАПАТА

    В САБОТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРАБОТУВА 7 МАЈ КОЈ БЕШЕ НЕРАБОТЕН ПОРАДИ ПОСЕТА НА ПАПАТА„Оваа одлука се однесува на основните и средните училишта од Скопје, кои не го одработиле овој ден, како и на градинките и здравствените установи, кои не работеа“, соопшти Владата

    На 8 јуни во сабота ќе се одработува 7 мај, кој беше прогласен за неработен ден за посетата на Папата Фрањо. Ваква одлука донесе владата на денешната седница, според кој работен ден ќе биде за основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период.

    „Ова се однесува и на детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности“, соопшти Владата.

    Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје, да ја спроведе оваа одлука овој ден да биде работен и за вработените во овој сектор доколку претходната препорака на Владата за 7 мај да биде неработен ден била спроведена од страна на приватниот сектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира