Вечерва во 18 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи тркалезна маса на тема „Да помагаме и почитуваме, а не да отфрламе“, со фокус на третманот на лицата со деменција. Настанот е во чест на 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранција, а по седми пат во земјава го организира „Инер вил клуб Скопје Еуропеа“.
Организаторот најавува дека со проекција на краткометражниот документарен филм „Деменција – еден месец во животот“. По филмот ќе следи панел дискусија, а модератор ќе биде Ели Танасковска.
Панелисти ќе бидат професионалци од медицинската струка, како и луѓе кои имале искуства со справување со деменција на блиски членови на семејсвата, доц. д-р Габриела Новотни, специјалист-невролог, проф. д-р. Анита Арсовска, специјалист-невролог, Драгица Русевска-Христова, новинарка и авторка на книгата „Кога мама заборави дека ме сака“ и актерката Тања Кочовска.