ВЕЉАНОСКИ ЗАКАЖА КООРДИНАЦИЈА ЗА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА ВО ВТОРНИК

    ВЕЉАНОСКИ ЗАКАЖА КООРДИНАЦИЈА ЗА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА ВО ВТОРНИК

    Претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски за вторник во 12 часот закажа кординација со претставниците на парламентарните партии за утврдување на составот на Собраниската комисија за избори и именувања.

    „После извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во Парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот. На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основ за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието“, стои во соопштението од Собранието испратено до медиумите.

    Денес во Собранието прaтеникот на СДСМ Оливер Спасовски ги достави потписите на 67 пратеници за закажување на продолжение на конститутивната седница започната и прекината на 30 декември 2016 година.

    Конститутивната седница запна кај формирањето на собраниската Комисија за избори и именувања, која треба да го даде името на новиот собраниски спикер. Партиите не можеа да се договорат за составот на комисијата. Не можеле да се договорат ДУИ и движењето Беса, бидејќи ДУИ со 10 пратеници треба да има еден претставник, исто колку и движењето Беса иако имаат само пет пратеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира