ВИ ОСТАНУВААТ УШТЕ МНОГУ НЕШТА ДА СПРОВЕДЕТЕ, НО НА ДОБАР ПАТ СТЕ, КАЖА КОМАНДАНТОТ НА ХОЛАНДСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ БАУЕР ПО СРЕДБАТА СО МАКЕДОНСКИОТ КОЛЕГА ЃУРЧИНОВСКИ

    ВИ ОСТАНУВААТ УШТЕ МНОГУ НЕШТА ДА СПРОВЕДЕТЕ, НО НА ДОБАР ПАТ СТЕ, КАЖА КОМАНДАНТОТ НА ХОЛАНДСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ БАУЕР ПО СРЕДБАТА СО МАКЕДОНСКИОТ КОЛЕГА ЃУРЧИНОВСКИХоландија планира да го поддржи Министерството за одбрана на Република Северна Македонија со програма за обука која ќе овозможи успешно работење на воените и безбедносни професионалци во НАТО. - Адмиралот Бауер и генералот Ѓурчиновски (Фото: Холандска амбасада)

    Командантот на вооружените сили на Холандија, адмиралот Роберт Бауер, им го честиташе членството на Република Северна Македонија во НАТО на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и неговиот колега, генералот Васко Ѓурчиновски. Адмиралот Бауер, кој ја објави својата кандидатура за претседавач на воениот комитет на НАТО, денеска во Скопје одржа успешни консултации со Шеќеринска и Ѓурчиновски и им се заблагодари на своите домаќини за одличниот прием и гостопримството, соопшти Холандската амбасада.

    „Импресиониран сум од силната посветеност која Северна Македонија ја покажа кон членството во НАТО. Остануваат уште многу нешта кои треба да се спроведат, но убеден сум дека државата е на вистинскиот пат. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме блиската соработка во рамките на НАТО. Холандија е подготвена да ѝ помогне на Северна Македонија преку билатерална воена поддршка и програми за градење на капацитетите,“ изјави адмиралот Бауер.

    На средбите се дискутирало за можностите за понатамошно унапредување на соработката меѓу двете држави, вклучувајќи ја и обуката од холандските специјални единици во Северна Македонија како и поддршката со сферата на кибернетските војни. Адмиралот Бауер најави дека Холандија планира да го поддржи Министерството за одбрана на Република Северна Македонија со програма за обука која ќе овозможи успешно работење на воените и безбедносни професионалци во НАТО.

    Адмиралот Бауер е на тридневна службена посета на Северна Македонија, што е прва висока воена посета на држава членка на НАТО по приемот на Северна Македонија во Алијансата. Во текот на денот има средба со претседателот Стево Пендаровски во Вилата Билјана во Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира