Корисниците на „оне.Вип“ кои користат постари СИМ картички со брендот „Оне“ можно е денеска и утре да имаат потешкотии при користењето на услугите поради вонредни технички зафати на мобилната мрежа во Скопје, Куманово и околните места, соопшти компанија.
Техничките зафати се прават поради одлуката на Агенцијата за електронски комуникации со која не е продолжено правото за користење на одредени радиофреквенции потребни за обезбедување на мобилните услуги на „Оне“ и во овој период корисниците кои ги користат овие СИМ картички ќе бидат префрлени на новата мрежа на „Вип“ со помош на национален роаминг.
Од „оне.Вип“ ги упатуваат корисниците на веб страницата на „Вип“ vip.mk/izvestuvanje, каде е достапно упатство за подесување на нивните мобилни телефони, доколку забележат евентуални потешкотии во користењето на мобилните услуги
Корисниците кои и понатаму имаат потешкотии потребно е да ја заменат СИМ картичката во најблискиот „Вип“ продажен центар со нова „Вип“ СИМ картичка. Замената на СИМ картичката е бесплатна.