Премиерот Зоран Заев кажа дека Владата ги прекинала кампањите на телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Би-Би-Си“ и сите други кампањи на претходната влада, како и договорите на, како што кажа тој, странските квазиексперти. Заев, кој зборуваше во Собранието за време на расправата за предлозите за заменици министри, рече дека на тој начин Владата веќе заштедила 10 милиони евра.
„Заштедите во државната каса почнаа. Веќе се заштедени 10 милиони евра. Ги прекинавме кампањите ‘Си-Ен-Ен’ и ‘Би-Би-Си’ и сите можни кампањи кои што се правеле во државата. Ги прекинавме договорите со странските квазиексперти, ги раскинавме договорите за одржување на целиот информатички систем на 14 информатичари во Владата“, изјави Заев.