ВЛАДАТА ЈА ИМЕНУВА АНЕТА СИМЕСКА-ДИМОСКА ЗА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ НА МЕСТОТО НА СТОЈКО ПАУНОВСКИ

    ВЛАДАТА ЈА ИМЕНУВА АНЕТА СИМЕСКА-ДИМОСКА ЗА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ НА МЕСТОТО НА СТОЈКО ПАУНОВСКИСимеска Димоска има 28-годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор. (Фото: Фејсбук)

    Владата  ја именуваше Анета Симеска-Димоска за в. д. директорка на Државниот пазарен инспекторат, на местото на разрешениот Стојко Пауновски.

    Според биографијата објавена од Владата, Анета Симеска-Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии. Има 28-годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеничка во Собранието.

    Стојко Пауновски беше разрешен од функцијата на 27 април, според Владата, поради непрофесионално однесување. Пауновски не сакаше да прими рамковни административци бидејќи немале соодветно образование и Инспекторатот немал потреба од нив и на прес-конфернеција порача ако премиерот Зоран Заев не го разбира слободно да го разреши. По ова, Заев кажа дека Пауновски не може јавно да се препукува со него и дека треба да ги почитува насоките на Владата за распределување на рамковните административци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира