ВЛАДАТА ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ НА АВИОКОМПАНИЈА ШТО ЌЕ ОТВОРИ ЧЕТИРИ НОВИ ЛИНИИ ОД ОХРИД

    ВЛАДАТА ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ НА АВИОКОМПАНИЈА ШТО ЌЕ ОТВОРИ ЧЕТИРИ НОВИ ЛИНИИ ОД ОХРИДСтремеж на Владата е со државни субвенции да го развива и сообраќајот на Охридскиот аеродром - авион на холандскиот чартер превозник ТУИ во Охрид, на 11 мај со првите годинашни холандски туристи (Фото: ТАВ)

    На новиот тендер за државно субвенционирање на домашна или странска авикомпанија Владата на Македонија ќе бара отварање на четири нови дестинации од Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

    Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека повикот ќе биде објавен наскоро.

    „Ќе овозоможиме на сите учесници на тендерот да добиме компанија која посветено ќе работи и ги исполнува сите услови. Затоа ќе се формира комисија од повеќе институции, која ќе ја работи тендерската постaпка.  Наш стремеж е да има што повеќе летови и од Охридскиот аеродром.  Продолжуваме да работиме со ниско буџетните компании, тоа беше наше изборно ветување“, рече министерот Сугаревски вчера воВелес.

    Договорот со актуелната унгарска ниско буџетна авио компанија Визер завршува на крајот на јуни.  Таа е единствената компанија која шест години лета од Македонија со субвенционции од буџетот на Република Македонија.

    Визер лета од Охридскиот аеродром кон Базел и Лондон – Лутон, а од оваа есен најавено е и отварање на линија Охрид – Виена.

    На седницата на Владата во вторникот била усвоена Програмата за определување на потребни средства за потикнување и развој на авио сообраќајот во Република Македонија во периодот 2018-2021 година, соопшти Владата.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира